(ВИДЕО) Министерот за земјоделство најави дополнителни субвенции за лозарите
09-09-2017 РЕГИОН

 

Дополнителни субвенции по килограм винско грозје предадено во домашните винарии ќе добијат лозарите и десет отсто повисока субвенција за хекатар лозова површина најави денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никоволвски. Тој беше во посета на стоапнско – туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер која се одржува во Кавадарци. Николовски им порача на лозарите дека грозјето од годинешната реколта ќе биде откупено до последно зрно според законските одредби.

 

„Како ресорно министерство заедно со сите надлежни институции, внимателно го следиме откупот на грозјето. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство заклучно со 5 овој месец, откупени се 16 милиони килограми грозје од кои најголемиот дел се од сортите вранец и смедеревка. Годинава поради лошите временски услови се очекуваат намалени количини на произведено и откупено грозје“ рече Николовски и нагласи дека владата е свесна за лошите состојби во лозарството и винарството и посветено ја следат состојбата на терен за навремено делување.

 

 

„Уште во првите сто дена од нашата работа, со измени на програмата за финансиска подршка во земјоделството 2017 година ги зголемивме субвенциите за одржување на лозови насади за 10 отсто по хектар и субвенцијата сега изнесува 44.000 денари по хектар. За овие зголемени субвенции лозарите можат да конкурираат до 15 октомври“ нагласи Николовски.

 

 

 

Тој информира дека досега за одржување на површини со лозови насади од минатогодишната пр4ограма исплатиле над осум милиони евра, а за 13 винарски визби по основ на откупено грозје исплатени се субвенции од околу 700 илјади евра. Првиот човек на земјоделство рече дека министерството интензивно работело на забрзување на процесот за исплата на обесштетувањата од временските непогоди што се случија лани и годинава.

 

„Кавадарци може да се пофали како најголем производител на грозје и вино во земјава. Ова е доволно за нас како влада да работиме на среднорочни и долгорочни стратегии за развој на лозарството“ изјави министерот. Досега биле одржани десетина состаноци со лозари и претставници со винарската визба „Повардарие“ која сеуште има долг за минатата реколта. Според информациите на министерот од вкупниот долг од 3,5 милиони евра, Повардарие исплатило околу 2,5 милиони евра и сега се правеле напори и преостанатиот долг да биде исплатен најверојатно до крај на месецот.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар