Министерот за земјоделство Михаил Цветков денеска беше во посета на Кавадарци. Најпрво се сретна со градоначалникот Александар Панов, а потоа и со неколкумина лозари на градскиот плоштад.
Министерот ја искористи посетата да им посака успешен гроздобер на лозарите. Информира дека грозјето целосно ќе биде исплатено шест месеци по откупот, нагласи дека се зголемува цената на виното. Оптимист е дека ќе се откупел целокупниот род на грозје, кој годинава се проценува на околу 180 милиони килограми.
Присуството на министерот за земјоделство го искористивме да го запрашаме кога лозарите ќе можат да добијат цена за грозјето која ќе ги покрива трошоците за производство и дали државата има стратегија за лозарство.
Дека и годинашнава откупна цена на грозјето не ги покрива трошоците за
производство кои ги имаат производителите денеска потврди и претседателот на Агротиквешија, Љупчо Аризанов
.
Додади коментар