(ВИДЕО) МЗШВ потпиша меморандум за соработка со СОЗШУ „Ѓорче Петров“
04-04-2019 РЕГИОН

 

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска со директорот на средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, Горан Велковски потпиша Меморандум за соработка, чија што крајна цел е заеднички придонес во заштитата на шумскиот фонд. Министерот Николовски изјави дека со денешното потпишување на Меморандумот се потврдува заедничката заложба за унапредување на соработката во областа на заштита на шумите, преку подготовка и стручна обука на сегашните и идните припадници на шумската полиција, што важно за ефикасно спроведување на мерките во делот на заштита на шумите.

 

 

„Овој Меморандум предвидува обуки на вработените од Шумската полиција, размена на искуства и активности во секој поглед помеѓу МЗШВ особено секторот за Шумска полиција и ова училиште.Во следниот период планираме засилена соработка со училиштето во поглед на секторот шуми и шумската полиција. Ние како ресорно министерство во изминатиот период инициравме доста активности кои се однесуваат на шумската полиција, во претходниот период започнаа со работа работните групи за дефинирање на колективниот договор , активно работиме на набавка на опрема за шумска полиција вклучувајќи и набавка на униформи и целосно сме посветени на опремување на шумските станици и подигнување на статусот на овој сектор“, изјави министерот Николовски.

 

За реализација на овие цели, заеднички ќе преземеме активности за заштита на шумите од илегални активности, организирање обуки и семинари за потребите на сегашните и идните припадници на шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а паралелно ќе ја прошириме мрежата на соработка со други институции и организации.

 

 

При тоа Николовски посочи дека во изминатиот период работни групи од МЗШВ ги посетија сите стручни земјоделски училишта во државата при што е констатирано дека изминатите години не добиле доволно помош, поради што сега ќе им се овозможат мерки за финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој 2019 во делот на инфраструктурата, опрема, опитни полиња и се што им е потребно.

 

Директорот на на средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, Горан Велковски, изјави дека со овој Меморандум се овозможува создавање и усовршување на стручниот кадар кој ќе може соодтвено да одговори на задачите а со цел заштита на шумскиот фонд.



Share

Додади коментар