ПРИЈАТЕЛИТЕ НА РИСТО СОКОЛОВ СЕ СОБРАА ВО ДЕМИР КАПИЈА. МЕМОРИЈАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА СЕ ОДРЖА ПО 7 ПАТ ПРОСЛЕДЕНА СО ИЗЛОЖБА И МУЗИЧКИ НАСТАПИ
Синоќа во Музејот при Домот на културата “Мирка Гинова“ во Демир Капија се одржа седмото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“ посветена на еден од најдобрите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол. Манифестацијата се случи во Демир Капија затоа што како и во многу други места и градови Ристо Соколов Сокол оддржа врвни самостојни изложби и мултимедијални перформанси токму во Демир Капија. Присутните низ манифестацијата ги водеше соборецот на Ристо, кавадаречкиот актер Александар Малинков.
Манифестацијата донесе изложба на дела од Ристо Соколов Сокол,неговиот циклус „Десетте божји заповедии“ а во музички дел први настапија триото “Ad Libitum“ во состав Емилија Кабранова Филипова – пијано, Силвана Чулева Атанасова – флејта и Лазар Соколов – кларинет.
Потоа за Ристо говореше неговиот пријател Звонимир Будимировиќ од Демир Капија. Малинков ги воведе присутните во манифестацијата и делата кои беа изложени за на крај да настапи дуото акустични гитари Зоран Стојков и Петар Николовски од Демир Капија. Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“ е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“’ Кавадарци каде Ристо Соколов Сокол беше еден од основачите, а годинава заедно со Домот на културата “Мирка Гинова“ Демир Капија манифестацијата се одржа во чест на Денот на културата во Република Македонија – 10 јуни.
Покровители на манифестацијата беа Градоначалникот и Советот на општина Демир Капија.Манифестацијата не се одржа во редовниот термин (16 април) поради забраната за оддржување настани во време на пандемија. На крај поразговаравме и со градоначалникот на Демир Капија - Лазар Петров и со претставникот од Алтер Центар - Марјан Тодоровски.
М.В.

Додади коментар