(ВИДЕО) Матурантите- гиманзијалци свртеа оро на градскиот плоштад
19-05-2017 РЕГИОН
Весели, разиграни и среќни, матурантите од гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци денеска на градскиот плоштад завртеа оро. Го слават своето матурирање и влезот во полнолетството.
По синоќешното славењето во угостителски објект, тие претпладнево дојдоа на плоштадот, заиграа, а потоа заминаа во училиштето.
Денеска низ повеќе градови матурантите танцуваа квадрил, а вчера матурската парада со танцување квадрил ја најавија и неготинските матуранти.

Додади коментар