(ВИДЕО) Македонски шуми започна да склучува договори за огревно дрво
18-01-2017 РЕГИОН

Започна склучувањето на договори за огревно дрво во Македонски шуми подружница Бор Кавадарци. Правните и физички субјекти, здруженијата и синдикатите можат да ги потполнат барањата за дрвната маса.Цената на дабот и буката и оваа година останува иста, поволности ќе има за социјално загрозените семејства и ранливите категории.

 

Подружница „Бор“ Кавадарци е подготвена да функционира со полн капацитет.Изминатата 2016 та за претпријатието беше рекордер во прозиводството, а реализација на планот кога се има добра стратегија очекуваме и годинава, вели директорот Слободан Климовски.

 

„Максимално е искористена и техничката дрвна маса од Бор Кавадарци. Во континуитет тече сечата и се надополнуваат количините на дрвна маса во претпријатието. Застој има само кога снежната покривка низ планинските предели знае да направи проблем, но и за ваквите периоди има стратегија и се работи со полн капацитет“ вели Климовски.

 

Во готово или плаќање на рати, во шумско стопанство Бор Кавадарци се склучуваат договори зависно од барањата. За нив ограничувања не постојат, но има стандарди кога станува збор за бараната количина на дрвна маса. На шест рати се врши исплатата, а попусти, информира директорот,  има за социјално загрозените, паралелно со нивните можности попустот се однесува или на цената или во исплатата по рати.

Милица Младенова

 

 



Share

Додади коментар