Советот на општина Неготино денеска ја одржа конститутивната седница. Мнозинството во советот го избра Диме Витанов за нов претседател на општинскиот совет.
Витанов по преземањето на функцијата нагласи дека очекува конструктивна соработка меѓу сите советници без разлика на нивната политичка провиниенција во интерес на доброто на граѓаните на општина Неготино.
„Ветувам нова енергија на советот на општината“ нагласи Витанов.
Новиот градоначалник на општина Неготино, Тони Делков, истакна дека очекува добра и плодна соработка со сите советници и реализација на проекти со кои ќе се подобри квалитетот на секојдневното живеење во неготинска општина. Советниците на првата седница расправаа и за други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.
Додади коментар