(ВИДЕО) Кавги и навреди на 46 -та седница на кавадаречкиот совет
08-07-2016 РЕГИОН

Кавадаречкиот совет денеска едногалсно ги усвои измените и дополнувањата на програмите за уредување на градежно земјиште и за изработка на урбанистички планови. Беа усвоени и две урбанистичлки одлуки, како и измените и дополнувањата на програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кавадарци.

Програмата за манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ изготвена од здружението на граѓани „Пиволенд“ ги размрда советниците.

Советникот Сашко Петров го обвини градоначалникот дека сакал да ја замре оваа манифестација која  белег на Кавадарци. Праша зошто не се слушале мислењата на кавадарчани како би требало да изгледа оваа манифестациа, туку тоа го кажувале луѓе надвор од Кавадарци. Според Петров оваа манифестација требало да биде лицето на градот и да се организирала на ниво како „Пиво фест во Прилеп.

 

Реплицираше градоначалникот Панов. Тој рече дека делумно се сложувал со дискусијата на советникот Петров и посочи дека Пиво фест и Тиквешки гроздобер се сосема различни манифестации. Пиварите давале силна подршка на оваа манифестација, додека тоа не било случај со винариите за Тиквешкиот гроздобер.

 

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев кажа дека ќе гласале за програмата, бидејќи тиквешкиот гроздобер е значајна манифестација за општината.

Програмата во која е наведено дека годинава манифестацијата ќе се одржи во почетокот на септември, а како главни ѕвезди годинава ќе бидат групите „Рибља Чорба“ и „Парни Ваљак“ беше усвоена со 13 гласа „За“ и 4 „против“.

 

 

Неизградениот аква парк и давањето на градскиот базен на стопанисување на спортската сала „Јасмин“направија кавга на седницата . Се слушнаа многу сериозни обвинувања и лични навреди во  втората половина од 46-тата седница.

Советникот Горан Белевски го праша градоначалникот Александар Панов зошто не бил изграден аква парк, кој бил дел од предизборните ветувања на градоначалникот.

-Белевски

ПО ова следуваше реплика од градоначалникот. Тој рече дека аква паркот е планиран да се гради по моделот на јавно приватно партнерство и истиот ќе биде изграден кога за тоа ќе се создаделе услови. Нагласи дека била изготвена неквалитетна студија од фирмата што го добила тендерот за таа обврска.

 

По овие дискусии следеа партиски обвинувања, лични дисквалификации, поради што имаше и прекини на седницата. Белевски праша зошто советот носи одлука да се донирале средства за подршка на спортската сала, кога таа имала дуќани, ресторан, сместувачки капацитет и на крај од годината пријавувала позитивен финансиски извештај. Доколку не се работело како што требало градоначачникот да извршел смена на директорот и менаџерскиот тим.

По ова реагираше советникот Ристо Сакалиев, кој е и дел од менаџерскиот тим на „Јасмин“.

 

Советот на денешната седница ја поништи постапката за доделување договор за вопсоставување на јавно приватно партнерство  за реконструкција  и изградба на затворен олимписки базен. Беа усвоени повеќе одлуки за доделување на финансиски средства за помош на здруженија на граѓани и за лекување на граѓани од општина Кавадарци.

 

 По предлог на советничката Божанка Минова, беше усвоен и заклучок со кој советот го задолжи градоначалникот да изврши застапување за решавање на проблемот со несклучување на договори за откуп на винско грозје за претстојната реколта кај винариите од општините Кавадарци и Неготино  и во министерството за земјоделие и за тоа го извести советот на наредната седница.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар