По енормнотно загадување на воздухот во Кавадарци од несовесни граѓани, општината започна да применува современи мерки за прочистуање на воздухот.
Аеросолизација за намалување на загадениот воздух. Оваа метода за прв пат се применува во Општина Кавадарци.
„Ова е еден вид на аеросолизација за намалување на загаденоста во воздухот. Вечерва за прв пат се примени во Кавадарци. Функционира на тој принцип, што се прска вода под висок притисок, како прав, со атомизер на 20 бари и висина до десет метри. При тоа, се создава прашина од вода, која со неа ги спушта ПМ честичките. Може да се додадат и хемикалии, за поголема ефикасност, на пример калицум и друго. Се влече со возило, атомизерот е приклучен елемент за трактор, или возило за специјална намена – вели градоначалникот Митко Јанчев. И објаснува дека еден час по третирањето концентрацијата на ПМ 10 од 300 микрограми на метар кубен паднала на 90 микрограми.
Додади коментар