Многу музика и забава за сите генерации нуди годинашнава стопанско туристичка манифестација Тиквешки Гроздобер. Легендарните „Рибља чорба“ и „Парни Ваљак“ се само дел од музичката понуда. Ќе се пие вино, а ќе се јаде и грозје. Кавадарци од утре ги отвора вратите за сите добронамерници кои сакаат да поминат незаборавен викенд во градот на грозјето и виното.
Денеска на прес конференција градоначалникот Александар Панов, заедно со претставник од агенцијата „Пиволенд“ која го организира гроздоберот ја најавија официјалната програма.
“Следните денови во Кавадарци ќе биде празник за душата за цела Македонија. Ве поканувам во Кавадарци, заедно да ја одбележиме вековната традиција на овој град“ рече Панов.
Од агенцијата „Пиволенд“ најавија дека ќе се погрижат максимално, годинашната манифестација да помине во најдобро светло.
Градоначалникот Панов очекува дека за време на викендот манифестацијата Тиквешки гроздобер ќе биде масовно посетена. Се очекуваат над 50 илјади посетители.
Централната манифестација е винскиот карневал кој исто така ќе има богата понуда. Ќе има учесници од повеќе збратимени и пријателски градови. За најдобрите домашни маски ќе се доделат и три награди.
Ангел Данов
Додади коментар