(ВИДЕО) Идните првачиња се збогуваа со градинката
02-06-2018 РЕГИОН

 

На отворено, со храна, музика и забава дечињата од детската градинка „Рада Поцева“ од Кавадарци вчера го одбележаа меѓународниот ден на детето, односно меѓународниот ден за заштита на детето.

 

 

Тоа е е еден од најстарите интернационални празници за кој е донесена одлука да се празнува од 1925 година. Градинката редовно со активности во кои се вклучени најмладите го одбележува овој ден.

 

 

Исто така деновиве за децата роден во 2012 година кои посетуваа градинка беше реализирана музичката приказна „Збогум градинке“. Низ игра и песни децата се збогуваа од градинка, бидејќи од септември започнуваат училишните обврски за нив.

 

 

 

Културно уметничката програма се одржа во домот на културата „Иван Мазов Климе“ а присутните ги поздрави директорката на градинката, Цанка Добринова и им посака успешно поаѓање во прво одделение.

 

A.Д

 



Share

Додади коментар