Од денеска започна поставувањето на термо фасада на зградата во која се сместени просториите на здружението на пензионери во Кавадарци, а во која живеат и станари. Проектот за енергетска ефикасност го реализираат Хабитат Македонија, општина Кавадарци и донаторот Сент Гобеин од Франција.
Со самото отпочнување на работите започна и денот на волонтери. Ситре заинтересирани можеа да се вклучат во градежните активности околу изработката на термо фасада.
Донаторот е горд што ќе се реализира овој проект во Кавадарци и порача и други компании да се вклучуваат во вакви проекти за помош во заедницата.
„Мојата компанија Сент Гобеин навистина е горда што може да донира во овој проект. Ние веруваме дека на овој начин помагаме на локалните жители и на тој начин ги подобруваме нивните животи. Исто така сметаме дека го подобруваме и квалитетот на живот, а воедно работиме на одржливост на самата енергија. Се надевам дека самата донација и самиот волонтерски ден ќе бидат и добар пример за останатите компании да продолжат со ваквата пракса и во иднина“ рече во изјавата за медиумите Ласло Лауко, директор за комуникација од Сент Гобеин.
Хабитат Македонија и во изминатиот период има работено на исти проекти во Кавадарци заедно со општината. Извршниот директор Зоран Костов е задоволен што реализацијата на проектот е според нивните планирања.
„Во име на Хабитат Македонија сакам да го изразам моето задоволство, прво од фактот дека големата француска компанија Сент гобеин не избра за партнер во овој проект, а потоа дека заедно го одбравме Кавадарци и оваа конкретна зграда како целна група за спроведување на проектот, со кој ќе ја продолжиме енергетската ефикасност на проектот. Се работи на еден многу редок вид на мултилатерално партнерство каде покрај донаторот и Хабитат Македонија се вклучени и две здруженија на пензионери, станарите во зградата, а вклучена е и општината со своја партиципација. Такви видови на партнерства не е е лесно да се организираат и спроведат. Јас сум навистина среќен што тоа во Кавадарци се реализира според планот од минатотот лето“ рече Костов.
Со овој проект покрај термо фасада сите простории во зградата ќе добијат ПВЦ прозорци и врати, нова покривна конструкција , а здружението на пензионери ќе го реновира и клубот на пензионери.
Ангел Данов
Додади коментар