(ВИДЕО) Започна подготовката на буџетот за 2017 на општина Кавадарци
01-11-2016 РЕГИОН
Дел од жителите на урбаната заедница „Љубаш“ синоќа беа на средба со градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов и службите на општина Кавадарци.
Со синоќешниот состанок започна серијата средби со граѓаните со цел да се утврдат нивните приоритети и да се вклопат во буџетот на општината за следната година.
Сребите со граѓани ќе продолжат и во наредните денови. Вечерва своите приоритети ќе ги кажат уште една група на жители од УЗ „Љубаш“, а потоа и жителите на УЗ „Кула.
A.Д
Додади коментар