Денеска официјално започна изградбата на втората фаза од експресниот пат Градско Прилеп. Ќе се гради делот од Градско преку Росоман па се до клучка Кавадарци во должина од 16 килметри. Инвестицијата за оваа делница е во висина од 23 милиони евра. Официјално стартот на градеѓните активности го најваија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и евро амбасадорот Самоел Жбогар.
Започнува изградбата на втората фаза од експресниот пат Градско Прилеп. Патот кој се гради во три фази претставува инвестиција во висина од околу 60 милиони евра.Станува збор за еден од најкрупните капитални проекти, изградба на најзначајната патна артерија во регионот, долго барана од граѓаните.Во втората фаза од изградбата која официјално почна денеска ќе се гради делот од Градско преку Росоман се до клучка Кавадарци во должина од 16 километри, инвестиција која за оваа делница предвидува 23 милиони евра средства обезбедени од фондовите на Европската Унија. За граѓаните на Република Македонија ова е значаен дел. Продолжува градежната офанзива која ќе ја подобри патната инфраструктура која изминаттите години беше подзаборавени и е во лоша состојба потенцираше денеска пред присутните во Росоман премиерот Зоран Заев.
Експресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди, а безбедноста на сообраќајот ќе биде на највисоко ниво. Согласно договорот истиот треба да биде завршен во 2020 година најави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.
Еден проект завршува друг почнува, а тоа значи дека трансевропската транспортна мрежа, столбот на европскиот внатрешен пазар добива форма.Денеска започнува уште една важна изградба, а европската унија секогаш знае да одговори на ваквите потреби потенцираше пред присутните евро амбасадорот Самоул Жбогер.
Покрај премиерот Зоран Заев, Евроамбасадорот Жбогер и министерот Сугаревски денеска во Росоман беа присутни и абасадорите на Италија и Шпанија во Македонија, пратеници и неколку градоначалници меѓу кои градоначалникот на општина Градск Бранко Јанев, на Кавадарци Митко Јанчев и на општина Градско Роберт Бешовски. Од Росоман премиерот и евроамбасадорот најавија дека продолжуваат во Градско каде ќе биде направена анализа околу реконструкцијата на железничката станица.
Милица Младенова
Додади коментар