Здраво женско бебе во новата година на свет донесе 27 годишната кавадарчанка Стефанија Миневска. Станува збор за прва рожба на ова семејство. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба – информираше директорот на болницата д-р Диме Коцев.
„Синоќа неколку минути после полноќ во нашата установа се роди здраво женско бебенце со теина од 3450 грама и должина од 50см. Раѓањето беше извршено со царски рез од дежурната екипа на гинеколошко акушерскиот оддел“ изјави директорот на болницата.
Тој нагласи дека минматата година на оваа одделение се извршени 342 раѓања, над 150 хируршки интервенции и остварени над 2500 прегледи.
Традиционално, првото новороденче во новата година добива подароци од општина Кавадарци. Денеска кавадаречката болница ја посети градоначалникот Митко Јанчев, но поради ковид мерките подароците не ги предаде лично на родилката.
„Велат дека девојчињата носат по бериќетна година., така да очекуваме во сите погледи, во Кавадарци и во целата држава да имаме успеси. Нема да се качиме на одделението, во име на општината и градоначалникот им ја честитаме рожбата на родителите, а ваучерот од 15 илјади денари, златната бележичка и останатите подароци ќе ги предаде директорот на болницата“ истакна Јанчев.
Од кавадаречката болница информираа дека новогодишната ноќ поминална невообичаено мирно, без било какви интервенции.
Ангел Данов
****************************************************************************************************
Додади коментар