(ВИДЕО) ЕУ финансирала проекти во Вардарскиот регион со над 70 милиони евра
10-04-2019 РЕГИОН

 

Земјоделството, екологијата и туризмот се во фокусот на проектите кои можат да добијат поддршка од Европската Унија. Над 70 милиони евра досега се доделени од ЕУ за проекти во регионот, токму во овие сектори, рече меѓу другото во изјава за медиумите Никола Бертолини, раководител за соработка при делегацијата на Европската Унија.

 

Во земјава околу 950 проекти се поддржани од евроспките фондови за инвестиции во земјоделството, преработката и руралната преобразба.

 

Бертолини информира и за најчестите проблеми со кои се сретнува невладиниот сектор при аплицирањето со проекти.

 

 

Во тек се 395 проекти на ЕУ во вкупен износ од 359 милиони евра, од кои 41% од проектите во општините, а 4% во граѓанскиот сектор. Со пари од ЕУ фондовите се изградени повеќе од 100 км автопатишта, 64км патишта во повеќе од 40 опшптини и 60 населени места, 16 км железнички пруги, 11 железнички станици и 18 мостови.

 

На денешната работилница во Кавадарци локалните власти од општините во регионот, граѓанските организации, асоцијации, земјоделци и бизнисмени имаа можност да се запознаат со актуелните можности за финансирање на проекти на локално ниво.

A.Д

 



Share

Додади коментар