Поблиску до вработените и подостапни за заинтересираните граѓани за вработување, е причината поради која денеска беше отворен инфо центар на Дрекслмајер во центарот на Кавадарци.
Сите граѓани кои ќе аплицираат за вработување во Дрекслмајер, овде ќе ја добијат потребната поддршка и бараните информации.
Од компанијата, која во моментов вработува над 6000 лица, велат дека инфо центарот ќе овозможи без закажување термин да се информираат граѓаните за отворените работни позиции во фабриката, потребните критериуми, како и начинот на аплицирање.
„Вработените се најголемата вредност за Дрекслмајер. Токму затоа секогаш се трудиме да најдеме начин за да излеземе во пресрет на нивните барања и да бидеме што подостапни за нив. Во новоотворената инфо канцеларија им посакуваме добредојде на сите заинтересирани за компанијата и тука сме да одговориме на нивните прашања“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер, Македонија. Тој ги поздрави присутните гости и се заблагодари на претставниците од Агенцијата за вработување во Кавадарци и Неготино за повеќегодишната добра соработка.
Мирингер нагласи дека во моментов во фабриката се вработени над 6000 лица и дека најголем дел од вработените се од Кавадарци, а има и од други градови. Планот на Дрекслмајер е долгорочно да остане во Кавадарци.
На свеченото отворање на инфо центарот присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев, кој го нагласи значењето на оваа компанија за Кавадарци и отвореноста кон сегашните и идните вработени.
„Јас го поздравувам овој чин. Им честитам за транспарентноста на Дрекслмајер и за доближувањето кон идни вработени. Многу е важно некој пред да дојде да работи, прво делумно да се запознае со фирмата. Така да ова е голем чекор“ рече Јанчев.
Дрекслмајер нуди многу атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација и им овозможува на нашите вработени одлични можности за кариера, професионален и личен развој во рамките на компанијата, бесплатни обуки и тренинзи и меѓународна размена на искуства во рамки на DRÄXLMAIER Group.
Канцеларијата се наоѓа наспроти поштата и е отворена секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот.
A.Д
Додади коментар