(ВИДЕО) Децата на вработени во ЕВН денеска се запознаа со работните места на своите родители
12-06-2017 РЕГИОН

Децата на вработени во ЕВН Македонија денеска ја имаа можноста  одблизу да се запознаат со работните обврски на своите родители.

 

Во кориснички енерго центар Кавадарци се реализира проектот „Со децата на работа“ под мотото „Кај мама и тато на работа“.

 

Како што нагласуваат од компанијата, овој проект има за цел електро струката да им ја приближи на најмалите, а воедно таа да биде една од нивните  можни идни занимања.

 

 

 

 

Децата  учествуваа во експерименти, а учеа за значењето на електричната енергија. Им беа пренесени факти за електрификацијата на земјава која се спроведувала во периодот од 1909 до 1944 година, развојот на Електростопанство на Македонија, поделбата на три субјекта на ЕСМ и неговата приватизација. Децата имаа можност меѓусебе да се запознаат и да се дружат. Се запознаа и со целиот работен процес во кориснички енерго центар Кавадарци.

 

Овој проект, како пилот проект е реализиран минатата година во Скопје под мотото „Со ќерките на работа“. Годинава истиот е проширен и ќе се реализира на осум локации во земјава. За разлика од лани, годинава се опфатени и момчињата и девојчињата.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар