(ВИДЕО) Дебата за националната стретегија за култура во Кавадарци
29-11-2017 РЕГИОН

 

Преку јавни дебати се гради нова четириодишна Национална стратегија за културен развој. Денеска по овој документ на министерството за култура се дебатираше во Кавадарци со сите засегнати страни.

 

Носењето на новата стратегија треба да помини низ неколку фази. Во првата фаза ќе се направи една посериозна деконтаминација на културниот простор кој што беше загаден од разни импровизации и манипулации, по што ќе следи финалниот документ, велат иницијаторите на стратегијата. Според нив начинот на јавно дебатирање е одлична шанса, затоа што во изминатите години културните работниции немаа ваква шанса да дадат свои предлози и идеи.

 

„Јавните дебати се организираат во осум плански региони во Република Македонија. Кавадарци е последен град. Дебатите во другите градови веќе ги исцрпивме. Целта е културните работници и општински чинители да дадат идеи, предлози, критики, мислења и да се добие сеопфатно мислење по стратегијата. Целта исто така е да се децентрализира преоцесот на одлучување и одлуките во културните политики да одат по оска од доле нагоре и да го промениме начинот на размислување во однос на градење културни политики во државата“ рече Јасмина Мазгалиева – претседател на здружението „Култ -Транзен и координатор на проектот „Партиципативна културна политика-нов модел на управување во културата.

Проектот за јавни дебати се реализира во соработка со министерството за култура и со подршка на УСАИД.

 

Новата национална стратегија што се креира има стратешка цел меѓу другото да изврши департизација и демократизација на културните институции, децентрализација, рамномерен и рурален развој на културата. Основна мисија на министерството за култура е да создаде услови за развој на координирана и ефикасна културна политика преку воспоставување на функционални, законодавни, организациони, материјални и финансиски услови, обезбедување на автономија на субјектите во културата и воведување на принципи на транспарентност.

 

„Топ тема на овие расправи е децентрализацијата што е главен приоритет и на министерството и на тоа луѓето најмногу реагираат, и со право бидејќчи тоа и најмногу ги засега. Преовладува грижата дали во случај на преминување на одредени институции на финансирање на локалната самоуправа нешто ќе се загуби, нешто во доменот на личните доходи. Програмските сигурно не, бидејќи би останале повторно на рамниште на министерството за култура. Грижите се и разбирливи и оправдани. Во 2018 година би требало да биде приоритет децентрализацијата. Сето тоа ќе се темели на заклучоците од овие расправи и анализи за можностите на лс, а потоа ќе се премине и на формална децентрализација“ рече Златко Теодосивески – советник на министерот за култура.

 

Тој го посочи приемерот со децентрализација на неколку институции од културата во Скопје и нагласи дека тие одлично функционирале, пред се поради тоа што практично биле двојно финансирани. Платите ги добивале од општината, а добивале и за програмски трошоци, а имаат можност да конкурираат со годишните програми во министерството за култура.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар