(ВИДЕО) д-р Коцев: За да ја одржиме епидемијата под контрола да ги почитуваме сите мерки за заштита!
21-05-2020 РЕГИОН

„Првата битка со коронавирусот ја добивме, но борбата сеуште не е завршена. Успешно го амортизиравме првиот удар. Ја стабилизиравме состојбата во земјата со контролираниот број на нови случаи и во ниту еден момент не се преоптерети капацитетот на ниту една институција односно болница, како во цела држава, така и во општина Кавадарци“ рече меѓу другото на денешната прес конференција д-р Диме Коцев, член на извршниот одбор на СДСМ Кавадарци.

 

(интегрален тект)  Сето тоа беше резултат на мерките кои навремено ги донесовме во насока на заштита на здравјето на граѓаните.

Меѓутоа потребно е и понатаму строго почитување на сите мерки и препораки со цел да ја задржиме епидемијата под контрола.

Здравствените работници не можат сами, граѓаните мора да помагаат преку почитување на мерките. Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје, потребно е да ја одржуваме потребната физичка дистанца и да не се групираме.

 

Задолжително да носиме заштитна опрема на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните, како и редовно да вршиме дезинфекција на рацете.

Рестриктивните мерки се опуштаат секаде, со цел полека враќање на животот во нормала. Економијата заживува и како секаде во светот почнуваме да живееме понормално.

Но, ова може да го одржиме само ако сите граѓани ги почитуваат мерките, а институциите ги спроведуваат контролите.

Покажавме сите заедно дека умееме одлично да се носиме со големите предизвици и кризи. Истото ќе го правиме уште подобро кога и да го имаме пред нас повторно предизвикот за заштита на јавното здравје и секако за заштита на граѓаните.

 



Share

Додади коментар