(ВИДЕО) Градоначалникот Јанчев и Дедо Мраз и денеска делеа новогодишни пакетчиња
28-12-2017 РЕГИОН
Со насмевки и радост учениците од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ од с.Ваташа го пречекаа Дедо Мраз и Градоначалникот Митко Јанчев. Тие ги добија новогодишните пакетчиња, а за возврат приредија скромна културно уметничка програма.
Дедо Мраз заедно со градоначалникот радост и новогодишни пакетчиња донесе и за учениците од ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Кавадарци.
Градоначалникот Митко Јанчев и Дедо Мраз ги посетија и децата од дневниот центар за лица со поебни потреби. Новогодишни пакетчиња добија и тие, а ги кажаа и своите желби.
А.Д

Додади коментар