Денеска патрониот празник го одбележа детската градинка Рада Поцева Кавадарци. Свечената манифестација со која се прославија 54 години успешна работа на градинката се одржа во централниот објект Гроздоберче.
Се славеше во знакот на младите, а тие преку игра и песна им раскажаа на присутните за деновите поминати во градинка, но и за животот и заложбите на својот патрон. За жената борец која останала запишана во историјата и за чие име како што рекоа дечињата ќе се зборува со векови.
Детската градина Рада Поцева е установа која постојано го следи трендот на модерното пред училишно образование. Новитетите но и проширувањето на капацитетот, бројот на згрижените дечиња и листата на оние кои чекаат за упис само потврдуваат за успесите истакна меѓу другото пред присутните директорката Цанка Добринова.
Милица Младенова
Додади коментар