(ВИДЕО) Второ место на државниот натпревар по сообраќај за Никола Јанчев и Љубица Бошева
30-05-2017 РЕГИОН

Одлични резултати како и секогаш  постигнуваат нашите основци од Кавадарци  и во натпреварувањето од областа на сообраќајот.  Ваквите резултати даваат надеж дека младите ќе ги почитуваат соодветно сообраќајните правила и прописи.

 

По одржаниот општински натпревар Детски  семафор во Кавадарци најдобрите се пласираа на регионален натпревар  кој се одржа во Велес, а како победници од таму  Никола Јанчев и Љубица Бошева се пласираа на државниот натпревар. Таму  освоија  втори места.

 

 

Претседателот на општинскиот  совет за безбедност  на патиштата во соработка со Народна техника Кавадарци денес им доделија дипломи и  скромни награди за своите посигнувања во областа на сообраќајот,  а со  признанија се здобија и нивните ментори.

 

Никола Јанчев е ученик во седмо одделение во ООУ Димката Ангелов Габерт- Кавадарци. Тој за натпрварувањето се подготвуваше под менторство на наставникот по техничко образование Горан Илиоски . Никола  на овој натпревар учествува по трети пат и му е трета награда.

 

Љубица Бошева е ученичка во ООУ  Тошо Велков Пепето Кавадарци 9то одделение и работеше  под менторство  на наставникот по техничко Диме Мукаетов. Љубица на натпреварот Детски семафор е  учесник 5та година по ред и секоја година се закитува со завидни резулати.

 

К.Ѓ



Share

Додади коментар