(ВИДЕО) Временските услови во прилог на инфраструктурната изградба во Росоман
20-10-2016 РЕГИОН
Се додека дозволуваат временските услови ќе се реализира дел по дел од
годишната програмата за инфраструктурно уредување во Општина
Росоман. Неколку од проектите веќе се во завршна фаза, а на останатите
ќе се работи се додека дозволува времето, информира градоначалникот
Стојанче Лазов. Во целост ќе биде асфалтиран и патот Росоман Сирково,
граѓаните да не подлегнуваат на шпекулациите дека овој локален пат ќе се
работи по етапи, додава градоначалникот.
Mилица Младенова

Додади коментар