(ВИДЕО) Во функција три метларки за почисто Кавадарци
31-01-2018 РЕГИОН

 

По примерот на големите европски градови и улиците во Кавадарци од денеска ќе се пометуваат машински. ЈП Комуналец доби современи машини т.н метларки со кои треба да се добие и поголема хигиена на градските улици.

 

Машините се набавени од комуналното претпријатие во Дуизбург – Германија, а се донација од Синало-Германија, Кожувчанка-Кавадарци и ИГМ трејд Кавадарци. Овие три фирми обезбедија 85 илјади евра за набавка на метларките.

 

Денеска во посета на ЈП Комуналец беше градоначалникот Митко Јанчев кој во изјавата за медиумите нагласи дека продолжува реализацијата на проектот за поголема хигиена во Кавадарци.

 

„Проектот кој што го имаме зацртано „Еко град“, односно грижата за поголема хигиена на градот продолжува. Јас како градоначалник заедно со бизнис секторот успеавме да обезбедиме три метларки кои што ќе ја одржуваат хигиената во градското подрачје, а во втора фаза и во руралните средини. Овие метларки ја собираат прашината и отпадоците од булеварите, улиците и тротоарите, исто така имаат и водено попрскување за намалување на прашината. Тоа ќе значи дека Кавадарци ќе биде модерен град. Комуналното претпријатие има модерна опрема и ќе има ефикасно работење во делот на хигиената“ рече Јанчев.

 

Голема благодарност до донаторите упати новиот директор на „Комуналец“, Ѓоко Попицов и најави поголема хигиена во градот.

 

„За овие метларки ЈП комуналец имаше голема потреба. Истите ќе бидат прво искористени за улиците од прва категорија кои досега се пометуваа рачно, а ќе бидат искористени и за улици кои досега никогаш не се пометуваа. Мислам дека граѓаните годинава ќе бидат задоволни од хигиената“ нагласи Попицов.

 

Кавадарци е втор град после Скопје каде пометувањето на улиците ќе се врши на модерен начин.

 

Ангел Данов

 



Share

Додади коментар