(ВИДЕО) Во Кавадарци ќе се реализира превентивна акција за заштита од пожар на Љубаш
31-07-2018 РЕГИОН

 

Локалната самоуправа Кавадарци во соработка со против пожарната единица Кавадарци и ЈП Македонски шуми, подружница Бор Кавадарци ќе реализира превентивна акција за заштита од пожари. Со акцијата ќе биде опфатена парцелизација на мал и голем Љубаш и чистење на постоечките патеки.

 

Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека оваа акција е од големо значење за превентивно делување во случај на пожар.

 

Детали за акцијата изнесе м-р Петко Ристовски од Македонски шуми.

 

И територијалната противпожарна единица ќе се вклучи во акцијата за превенција од пожар на „белите дробови“ на Кавадарци.

A.Д

 

 



Share

Додади коментар