Од 2007 година Република Македонија како свој државен празник го одбележува 23 октомври денот на македонската револуционерна борба. Вчера на спомен плочата во центарот на Кавадарци која сведочи за формирањето на првиот местен комитет на ТМОРО по Солунскиот, повеќе делегации положија свежо цвеќе.
Пред пристутните за овој ден говореше историчарот Марија Михова од музеј галерија Кавадарци. Таа нагласи дека годинава се одбележуваат 123 години од формирањето на македонската револуционерна организација во куќата на Иван Хаџи Николов.
- Начелата на Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) биле да е тајна и револуционерна, нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници поради што ќе се нарекува внатрешна, во неа да членуваат родени и лица што живеат во Македонија без разлика на вера и народност, политиката на организираните Македонци да е автономија на Македонија и да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави, рече Михова.
Денот на македонската револуционерна борба го честита и претседателката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Горица Пеливанова- Вилхем.
A.Д

Додади коментар