(ВИДЕО) Во Кавадарци нема нови заболени, но не е потребно опуштање
05-04-2020 РЕГИОН
„Сите вработени во болницата кои беа во директен или индиректен контакт со заболените, се со негативни брисеви и немаат никакви симптоми на болеста. Сите поминаа период од 14 дена во самоизолација и се веќе вратени на работа. Со тоа невро-психијатриското одделение и амбуланта повторно функционираат нормално и во нив непречено се вршат прегледи и приеми на пациенти“ информираше денеска директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Диме Коцев.
Тој апелираше и покрај тоа што во Кавадарци нема нови заболени, граѓаните да не се опуштаат.
А.Д

Додади коментар