ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци денеска на прес конференција обвини дека пензионерите добиле не соодветно покачување на пензиите
(интегрален текст) Социјал Демократскиот Сојуз се сети на пензионерите два месеци пред изборите.Тоа го прави за да ги купи нивните гласови,со она малку што го даде сега пред изборите, наспроти она што му го одзеде на пензионерите .
Се до промената на законот за пензиско и инвалидско осигурување зголемувањето на пензиите се вршеше врз основа на два индикатора и тоа врз основа трошоците за живот и расатот на просечната плата во Р.Македонија.
Овие покачувања се пресметуваа два пати во годината и тоа на 01 јануари и на 1 јули.
Од 01 јануари 2019 година СДС го измени законот за зголемување на пензиите со укинувањето на индикаторот според растот на просечната плата, и воведе нова одредба во Законот,а тоа е покачувањето на пензиите да се врши и врз домашниот бруто производ ако е над 4% одредба која никогаш не се примени.
Со укинувањето на оваа одредба од законот за пензиско и инвалидско осигурување, СДС му одзема многу повеќе на пензионерите отколку износот што го даде со исплатата на оваа пензија.
Искажано во бројки драги пензионери, Вие требаше да имате повисоки пензии за 1.150,00ден, а СДС ви ги покачи пензиите за 720,00ден, а згора на тоа ви ја ускратува можноста за раст на пензиите во другите наредни години.
Веруваме драги пензионери дека нема да им верувате на овие манипулации што ги направи СДС со промената на Законот и одземените покачувања што трбаше да ги дадат до сега.
Се што ветија СДС и Заев излажаа. Заев ги излажа 300.000пензионери.
По 12 април доаѓа обновата на Македонија и секој пензионер да може достоинствено да живее.
Додади коментар