Спортскиот настан кој беше едно од обележјата на градот Кавадарци, велосипедската трка Ваташкиот меморијал повторно се врати на спортската мапа на Македонија. По неколкугодишна пауза, пред се од финансиски причини но и заради стагнацијата на велосипедизмот како спорт на национално ниво Ваташкиот Меморијал повторно се одржа.
Овој пат во организација на општина Кавадарци и на велосипедската федерација на Македонија, во неделата се одржа „Ваташкиот меморијал“ а истиот годинава беше вклучен како дел од Државното друмско првенство. Меморијалот се возеше на делницата Кавадарци - Возарци - Росоман - Кавадарци во вкупна должина од 33 километри.
Учество зедоа 70-тина натпреварувачи од цела држава и тоа во следниве категории: жени и кадети кои возеа 2 круга, мастерс и јуниори кои возеа 99 километри односно 3 круга и сениори кои возеа четири круга. Официјалниот старт на меморијалот беше на ул. Индустриска под ВВ Тиквеш вчера во 11 часот. Финишот на трката и доделувањето на признанијата се случи на истото место од кое и се стартуваше. Кај девојките победи Анета Антовска пред клубската колешка Анита Величковска од ВК Оксижен.
Трета на целта пристигна Катерина Николовска од ВК Енерџи. Во категоријата МАСТЕР триумфираше Зоран Ристовски од ВЕЛО-ЕМ инаку поранешен член на Југословенската репрезентација и шести велосипедист во Европа на друмски патеки во тоа време. Втор беше Сашко Јосифовски од Енерџи а трет Ален Денковски од Вело ЕМ. Кај кадетите победи Виктор Ванчевски од МВК Велес пред Андреј Стојановски од МАДАЛ БАЛ и Даниел Мојсоски од СПИД БАЈК. Кајк Јуниорите најбрз беше Кристијан Ванчевски од МВК Велес пред ЛЕО Кралевски од Оксижен и Милош Милевски од ВЕЛО ЕМ. И на најдолгата патека од 132 км најиздржлив беше Стефан Петровски од ВЕЛО ЕМ пред клубскиот колега Никола Ѓукиќ а третото место му припадна на Михаил Тасевски од Оксижен.
Трката помина без повреди и само со неколку откажувања од техничка природа. Ревијално учество на трката имаа и двајца кавадарчани кои не се членови на ниеден велосипедски клуб но беа подобри од некои активни велосипедисти што само придонесе да се отвори темата околу реактивирање на ВК Тиквеш. Од страна на ВФМ бевме информирани дека терминот бил несакајки пролонгиран бидејки на 16 јуни нашата велосипедска репрезентација учествувала на трка во Бугарија но затоа добивме ветување дека веке следната година трката ке се врати во стандардниот термин околу 16 јуни и дека се прават напори истата да добие меѓународен епитет но и на истата активно да учествуваат и кавадаречки велосипедисти. За крај да споменеме дека дел од репрезентацијата остана во Кавадарци да се подготвува за претстојните предизвици.
М.В

Додади коментар