(ВИДЕО) Бранко Јанев ја презеде градоначалничката функција во општина Росоман
06-11-2017 РЕГИОН

 

 

На свеченост денеска претседателот на општинската изборна комисија во Росоман Лазар Симоновиќ им ги додели уверенијата на новоизбраните советници како и на новиот градоначалник на општина Росоман Бранко Јанев. Граѓаните својот глас го дадоа во фер и демократска атмосфера, а на советниците останува да го бранат нивниот интерес току во советот,рече на доделувањето Симоновиќ.

 

Успешна работа, констурктивни седници, соработка и донесување на одлуки во интерес на граѓаните без разлика на партиската припадност за новите советници посака и градоначалникот Бранко Јанев.  И во овој совет калкулациите за коалицирање сеуште траат. Мнозинството со 4 советници го има ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во советот е со 3 ца советници, па се шпекулира дака се е во рацете на останатите двајца советници од кои едниот е на левица, а другиот на народно движење.

 

Нејасно кој и какви интереси ќе брани , останува до првата конститутицна седница. Инаку денеска по врачувањето на уверенијата примопредавање се случи и на градоначалничката функција. Неминувано од оваа функција е токму заминувањето, но важно е што зад себе ќе остави градоначалникот рече Стојанче Лазов и потенцираше дека покрај проектите зад себе остава општина со стабилен буџет и без долгови.

 

За новиот градоначалник Бранко Јанев предизвик, но и одговорност е оваа функција. Работата вети дека ќе ја започне со решавање на атмосферската канализација.

 

По потпишувањето на официјалните докумени стариот градоначалник Стојанче Лазов на Јенев му посака успешно функционирање и работа во интересите на граѓаните.

 

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар