Среда, петок и недела остана долга пазарна традиција во Кавадарци штом станува збор за градскиот зелен пазар. Но ако сакате свежи и квалитетни производи тогаш практикувајте да пазарувате во среда, бидејќи според кавадарчани кој се верни на зеленото пазарче истото во среда е најбогато но и со квалитет. Денеска навистина тезгите беа преполни.Трговците и производителите понудија голем избор на овошје и зеленчук.
Најгусто сепак беше на тезгите кој понудија асортиман за подготовка на зимници. Трговците, но и производителите категорични, кавадарачани бараат квалитет наспроти ниските цени. Заработувачка има, но според нив и годината е добра.
„Минатата година за разлика од оваа беше лоша.Оваа година и родот и квалитетот се поголеми.Цените се прифатливи и за нас, а задоволни се и купувачите. Не смееме да се пожалиме. Ако вака оди пазарот ќе имаме одлична година. Денеска најмногу се трошат доматите, лутите пиперки, капијата и модриот патлиџан.Секој пазар е различен“ изјави производител.
Лути пиперчиња, домати, модар патлиџан, зелка, црвена капија. За
квалитетот цената е од 25 до 40 денари, а останатото под 20 или пак од парче по 10 денари, зависи од изборот на граѓаните. Но за нив се чини сеуште е рано за подготовка на традиционалниот ајвар. Мала беше понудата денеска, но и бројот на пазарџии кој пројавија интерес за црвената капија. Производителите велат цената е речиси иста со ланската, но квалитетот поголем.
Малиот број на тезги, но и интересот велат трговците по се изгледа говори дека постепено граѓаните особено оние кој живеат во згради се одлучуваат за набавка на готов ајвар. Наспроти оваа зимница според потрошувачката на зелениот пазар денеска, се чини граѓаните се друго подготвуваат на време.
Од цените задоволни се и тие, Велат на пазарот во Кавадарци ако сакаш квалитет ќе си платиш, ако не за малку пари можеш да наполниш и цела кошничка.Изборот велат е индивидуален.
Милица Младенова
Додади коментар