Во рамки на проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржуваат информативни сесии со цел бизнис заедницата да ги презентира најчестите проблеми, пред се со кои се соочуваат малите и средни претпријатија.
Во Кавадарци се одржа ваква информативна средба на која беа присутни претставници на компании кои се дел од регионалната стопанска комора Кавадарци.
Ирена Мојсовска, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија во изјавата за медиумите ја нагласи важноста на овој проект и нагласи дека ќе бидат организирани 18 информативни настани во повеќе градови во земјава.
Беа презентирани теми од областа на даноците и царините. На состанокот говореше Славко Лазовски - експерт за даночни прашања.
„Ваквите настани имаат големо значење за подобрување на состојбата во бизнисот“ - рече потпретседателот на Регионалната стопанска комора Кавадарци, Никола Наумов.
Проектот е финансиран од Владата на САД, со цел да се даде подршка за економски раст, преку ублажување на притисокот врз малите и средни претпријатија кои се погодени од честото менување на законската регулатива.
Ангел Данов
Додади коментар