(ВИДЕО) Амбуланта по медицина на трудот од денеска започна да работи во склоп на кавадаречката болница
04-05-2022 РЕГИОН
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци од денеска ги прошири своите услуги. Во функција е амбуланта по медицина на трудот, каде ќе се вршат систематски прегледи на работници во јавниот и приватниот сектор, а воедно ќе се издаваат и лекарски уверенија.
По долги години пауза, со специјализацијата на д-р Никола Трендафилов мединцина на трудот сега повторно е достапна во јавното здравство.
А.Д
Додади коментар