Со изведба на химните на Република Македонија и на Европската Унија започна свеченоста за одбележување на 9 мај – денот на Европа и денот на победата над фашизмот во Кавадарци.
Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Кавадарци, Алескандар Панов порача дека во Европа се оди како цврст и убеден
Македонец.
На одбележувањето беше приустен и амбасадорот на Холандија, Воутер Пломп. Тој амбасадорската должност во земјава ја извршува две години. Пломб нагаси дека неговата земја е една од основачите на Евроспката Унија.
Во рамки на свеченоста за одбележување на денот на Европа беше промовирана книгата „Име од светлина и рани“ од група автори, а во издание на „Македонски манифест“.
За делото говореше Ефтим Клетникот. Рече дека денес во 21 век од големите центри на Република Македонија и е забрането да го употребува своето автентично име и потенцира дека актот за менување на медедонското име е акт на геноцид.
Манифестацијата продолжи со културно уметничка програма.
А.Д

Додади коментар