(ВИДЕО) Активности за отворање на граничен премин Пуљевац
22-11-2018 РЕГИОН
Големата желба на многумина кавадарчани да биде отворен граничниот премин Пуљевац наскоро е можно да се исполни. Од општина Кавадарци најавуват дека активностите во таа насока се интензивирани.
Заедно со префактурата Пела од Грција ќе бидат доставени иницијативи до двете влади за отворање на овој граничен премин.
Раководителот на секторот за локален економски развој во локалната самоуправа Кавадарци, Тодор Ефремов за KТВ вели дека е скениран теренот, а е убеден дека овој пограничен премин ќе биде од голема полза за локалниот економски развој во Кавадарци.
A.Д

Додади коментар