(ВИДЕО) 35 милиони денари за рехабилитација на патот Кавадарци-Росоман
18-10-2016 РЕГИОН

Во завршна фаза е реконструкцијата на патниот правец Градско Росоман.Со истиот потег работено е до Дреново, а активностите продолжуваат и кон фаришката клисура.

 

Следниот зафат на ЈП државни патишта ќе чини 35 милиони денари, пари кој ќе бидат искористени за рехабилитација на патниот правец Кавадарци Росоман, најави денеска директорот на државни патишта Александар Стојанов.

 

Директорот на ЈП државни патишта, заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов денеска направија увид при градежните работи на експресниот пат Градско Прилеп.

Милица Младенова        

      

 

 

 

 

 



Share

Додади коментар