(ВИДЕО) 100 километри за 100 години од Солунскиот фронт
09-07-2018 РЕГИОН

 

Со 100 километри по гребенот ќе се одбележуваат за 100 години од Солунксиот Фронт. Дел од акцијата или маршот кој е организиран во период од 10 до 15 јули ќе бидат и четворица кавадарчани кој ќе маршираат низ Кожуф, Козјак и Ниџе.Најстариот од нив е седумдесет годишниот пензиониран професор, истакнат екологист и планинар Томе Лисичанец. За него ова ќе биде петто по ред искачување, за кое вели дека не е ни најмалку лесно. Лисичанец во емисијата ,,Со повед,, на ктв потенцира дека и ден денеска низ оваа стаза има делови и предмети кои сведочат за војната.

 

Стазата која ќе ја минуваат учесниците се простира по граничната линија на Македонија и Грција во должин од 120 километри. Истата воопшто не е лесна предупредува и организаторот. Опремата која со себе ќе ја носат планинарите ќе биде донесена со возила до камповите, а учесниците сами си ги обезбедуваат основните планинарски потреби.

 

Според Лисичанец неизвесни се само временските услови. Често променливото време во овој период од годината, може само да ја успори акцијата, но не и да ја прекине истата. Штом веќе сте тргнале назад нема, вели професорот.

 

Сите учесници мора да имаат на ум дека ќе пешачат по места кои сведочат за големи страдања и уште поголеми јунаштини, па току поради тоа организатрот апелира дека треба да се внимава и на однесувањето .Нашите предци треба да се гордеат со нас барем толку колку што ние денес сме горди на нив,додава организаторот на акцијата.

 

M.Mладенова

 



Share

Додади коментар