„Рено меган“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 19 годишен кавадарчанец ноќеска околу 3 часот излетал од патот во коритото на реката Луда Мара. Возилото било потопено во вода длабока околу шест метри.
Информацијата ја потврдија од МВР и рекоа дека до овој момент нема информации за здравствената состојба на момчето.
Дознаваме дека возилото се движело од Кавадарци кон Моклиште и излетало од патот во длабочина од десетина метри во коритото на реката каде во моментов се извршуваат градежни работи за изградба на нов мост.
Токму малата безбедност на стариот мост и големиот број незгоди беше причина да се отпочне со изградба на нов мост.
На местото на незгодата пристигнале пожарникари и полиција.
А.Д
Додади коментар