Љубителите на фудбалот од нашиот град во саботата имаа две причини да бидат присутни на градскиот стадион во Кавадарци. Прва причина беше натпреварот од последното коло во втората МФЛ помеѓу Тиквеш и Хоризонт од Турново кој одлучуваше дали нашите фудбалери и следната сезона ке играат во втората лига.
Вората причина беше простувањето од активното играње на фудбал на долгогодишниот капитен на Тиквеш Горан Стојановски Шефе. Тетекс го победи Металург со 1-0 на гости а нашите мораа да победат за да не се грижат да опстанокот. Веќе во 10 мин Бакрачевски му донесе водство на Тиквеш. Така беше се до 80 мин кога на теренот за последен пат во неговата кариера истрча Горан Стојановски. И додека сите очи беа вперени кон него гостите изведоа слободен удар и израмнија.
Во 84 мин по продорот на Дунимаглоски топката стигна до Стојановски кој го постигна последниот гол во својата кариера но гол кој на неговиот Тиквеш му обезбеди опстанок меѓу второлигашите . Тиквеш победи со 2-1 и остана во втората лига, Тетекс ке игра бараж за опстанок а Металург и Вардар Неготино се селат во понизок ранг. По натпреварот управата и соиграчите на Стојановски му дадоа пригодни подароци во знак на благодарност за се што стори за клубот. Еве што во една ваква емотивна ситуација ни изјавија Горан Стојановски и претседателот на клубот Илија Темелковски.
Мики Виденовиќ
Додади коментар