(ВИДЕО) Основците и средношколците ги покажаа своите знаења по прва помош
13-05-2017 РЕГИОН
Ученици од основните и средните училишта во Кавадарци денеска беа дел од натпреварувачките тимови на 26-от натпревар по прва помош што се одржа во градскиот парк. Натпреварувачите ги покажаа на дело своите познавање од првата помош, а најдобрата екипа ќе ја претставува општината на републичкиот натпревар.
Денешното натпреварување го отвори претседателот на Црвен Крст Кавадарци, Димитар Каракулев и им посака на натпреварувачите да се покажат во најдобро светло.
Претседателот на комисијата за прва помош во кавадаречкиот црвен крст д-р Горан Апостолски во изјавата за КТВ нагласи дека младите покажуваат голем интерес за првата помош.
A.Д

Додади коментар