„Шекспир во приказни“ е последната претстава на сцената на Стоби годинава
19-07-2013 КУЛТУРА

Утревечер, на сцената на античкиот локалитет Стоби, со почеток од 21 часот ќе се одигра „Шекспир во приказни“, последната театарска претстава од овогодинешниот Фестивал на античка драма Стоби.

„Шекспир во приказни“ раскажува приказна за оттуѓеноста меѓу луѓето и недовербата која ја гаиме еден кон друг, а е на НУ Турски Театар од Скопје.

Современата приказна на оваа драма е работена според фагменти од драмите на Шекспир, „Крал Лир“, „Ромео и Јулија“, „Магбет“, „Хамлет“ и „Ричард Трети“.

Режисер и кореограф на „Шекспир во приказни“ е Кери К. Невзати.

Инаку, со оваа театарска претстава се затвара и овогодинешното издание  на фестивалот кој почна на тринаесетти, овој месец.

Елена Данова



Share

Додади коментар