Утре вечер сабота 18 мај во музеј галеријата во Кавадарци ќе биде отворена изложба насловена „ЧЕ БИДЕ“. Всушност проектот "Че Биде" е трансформациона инсталација која го одразува светот во време на промени што се одразува на нашата иднина секој ден и е посветен на авторските права на уметникот.
Овде ќе бидат претставени клучните дела кои се симболично поврзани со темата, вклучувајќи го и делото "Нелсон Мандела", што Јосифов успеа да го врати од Федералната полиција во Париз. По долгата правна битка, ова дело за првпат во јавноста беше изложена на 9ти Мај во изложбата "Лични структури" 2019 во Палацо Мора, Венеција. Ова дело носи значајна историја за човековите права и коментира на ова современо прашање што се случува на многу уметници од целиот свет, а обраќањето е од големо значење.
Огнената рефлексија на ова дело ќе биде изложено за прв пат во јавноста утревечер во Музеј на град Кавадарци на самостојната изложба на Игор Јосифов 'Че биде' Кавадарци која ке биде отворена во 20.00 ч.Во контекст на овој настан, ќе има премиера новиот филм "Че биде вистина", снимен од наградуваниот кинематографер Самир Љума,а во него учествува Катарина Ивановска.
Овој филм е базиран врз животот и креативниот процес на Игор Јосифов кој е тесно поврзан со приказна која се одвиваше за време на Биеналето во Венеција. Инаку Игор Јосифов е роден 1986 година во Кавадарци, По школата за применета уметност "Лазар Личеноски" во Скопје (Македонија), Јосифов дипломираше на Академијата за уметност на Универзитетот Сан Франциско во Калифорнија, (2005-2009). Јосифов е познат по разновидноста на неговите мултимедијални дела и начинот на кој го користи телото за да ги сподели своите ставови и пораки за нашиот современ свет Овој млад уметник поседува талент и уникатност, особини кои го објаснуваат континуираното и експоненцијална еволуција на неговата кариера.
Додади коментар