КАВАДАРЧАНИ ДА СЕ ПОТСЕТАТ А ГОСТИТЕ ПРЕКУ ФОТОГРАФИИ ДА ЈА ПОЧУСТВУВАА ТРАДИЦИЈАТА НА ГРАДОТ КАВАДАРЦИ ВО ПРАЗНУВАЊЕТО НА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР НАЈСТАРАТА И ЕДИНСТВЕНА ОД ВАКОВ ВИД МАНИФЕСТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА.
Во предвечерјето на ова јубилејно издание на „Тиквешкиот гроздобер“ во организација на Музеј-галерија-Кавадарци синоќа во галеријата на Домот на културата беше отворена ретроспективна изложба на фотографии одбрани од богатата збирка од 1500 фотографии, слајдови,и дијапозитиви кои ги поседува музеј-галеријата во Кавадарци Тиквешкиот гроздобер претставува продолжение на една долга традиција за што сведочат бројните артефакти рељефи и мозаици пронајдени во Тиквешијата.
Виното било пијалок на сите сталежи и на богатите и на сиромашните, служело како платежно средство а со негоможело да се плати и данокот на државата . Грозјето и виното како дар од боговите секој есен го слават кавадарчани а колку оваа традиција е вкоренета кај народот покажа и големиот интерес кој го предизвика оваа изложба. За отворена изложбата ја прогласи Горица пеливанова Вилхем додека авторот Петре Камчевски за КТВ ни открива што е она што го има во своите спомени за гроздоберот а го нема на изложените фотографии.
Мирјана Мукаетова
Додади коментар