Во рамките на второто коло од втората македонска фудбалска лига се одигра големото вечито комшиско дерби во кое на Цвај арена во Неготино се сретнаа екипите на Вардар од Неготино и Љубанци од Кавадарци.
Атмосферата на трибините извонредна , вистинска фудбалска каква што и заслужуваат дерби натпреварите.Во едно израмнето прво полувреме екипата на Љубанци прва дојде во водство со голот на Дуков во 33 мин. Во судиското надополнение на првото полувреме Вардар стигна до израмнување во 47 минута. Во второто полувреме повторно се разви една рамноправна борба без некои посериозни шанси за гол се до самиот финиш.
Во 89 мин Давидовски изби сам пред противничкиот голман но пропуШти можност да му донесе предност на тимот на Љубанци. Во продолѝение на акцијата Петар Најдобв ја искористи неодлучноста на гостинскиот голман и со лоб удар ги постави конечните 2-1 за Вардар. По две кола Вардар е на третата позиција на табелата со 4 освоени бода а Љубанци се последни без победа по двата идентични минимални порази од 1:2.
Во следното коло следниов викенд екипата на Вардар ке и гостува на екипата на Еуромилк ГЛ додека во Кавадарци Љубанци ке има теШка задача бидејки ке го пречека тимот на Академија Пандев. Еве ги комплетните резултати од второто коло од втората македонска фудбалска лига: Вардар – Љубанци 2:1 , Новаци Металург 0:0 , Академија Пандев – Влазерими 3-0 , Скопје – Еуромолк 2:1 а Тетекс и Хоризонт Турново својот натпревар ке го одиграат утре.
Mики Виденовиќ
Додади коментар