Во изложбениот салон на Музејот на град Неготино синоќа беше отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци. Изложбата е насловена „Боите на небото, водата и земјата во Тиквешијата“.
Содржани се 35 дела работени во акрил на платно и лесонит а се создадени во оваа 2020 година и се дел од проектот „Остани дома“ во кој авторот беше исклучително плоден на полето на уметноста.
Изложбата беше отворена според протоколите за работа и пропишаните мерки за заштита и превенција во време на COVID - 19.
Во овој период на пандемија ликовниот уметник Владимир Темков реализира неколку онлајн групни изложби од меѓународен карактер, меѓу кои најзначајни за него се изложувањето во МОМА – САД, потоа во Пакистан една од најголемите изложби со наслов „Јас сум Артист“ каде што има забележителен успех, двете големи изложби во Едрене и Истамбул – Турција, Во Милано и во Црна Гора и Албанија.
А.Д
Додади коментар