Јакимовски: „ГРОМ ќе делува од центарот“

Со цел поголемо ниво на политчка култура во земјава и реално пристапување во решавањето на проблемите била формирана Граѓанската опција за Македонија ГРОМ, на Стевчо Јакимовски. Тој во саботата пред кавадарчани ги промовира програмските опредлби. На Јакимовски и неговата граѓанска опција му се придружи и поранешниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов кој исто така припаѓаше на граѓанската опција.

Се одлучил за Граѓанската опција на Јакимовски затоа што припаѓала на центарот и ќе се борела за почитување на граѓанските вредности. Партијата со политичка активност почнува од септември за кога е закажан и првиот конгрес.

„Кавадарци одамна е на маргините на централната власт иако располага со стопански ресурси, вреден народ во лозаропроизводството и винскиот бизнис. Ќе се залагаме тоа да се промени, но најпрво мораме да станеме парламентарна партија“, рече Минов.

„Десно  ориентираните секогаш продуцираат политики од патриотски национален карактер и тие се поприфатливи за грѓаните. Лево ориентираните се по популистички  партии кои со своите политики носат популистички одлуки. Централниот  дел од политчката сцена се партиите кои на сите проблеми не треба да им гледаат ни со срце,  но ниту пак  со популизам.  Да ги гледааат проблемите реално со   вистинска диоптрија, само тоа ќе  значи  перспектива за граѓаните“ рече Јакимовски.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар