Учениците од ООУ “Страшо Пинџур” Кавадарци реализираа еколошка акција

 

Основците од “Страшо Пинџур” Кавадарци денеска реализираа еколошка акција. Во еко активностите се вклучија и нивните врсници од подрачните училишта во кавадаречките села Марена, Возарци и Дреново.

 

Учениците од прво до деветто одделение собираа отпад околу училишната зграда и на кејот на реката Луда Мара.

 

 

-Со помалите ученици имавме работилница на тема екологија. Во рамки на акцијата, спроведовме и селекција на претходно собран обичен и електронски отпад. Електронскиот отпад се собира во рамките на заеднички проект со еколошкото друштво “Еко-живот” и Пакомак, рече Стефка Саздовска, ментор и координатор на акцијата.

 

Таа нагласи дека училиштето кое е познато по еко активностите кои ги реализира, во иднина исто така ќе има повеќе еколошки акции.

 

Св.Д

 



Share

Додади коментар