Утре промоција на материјалот за првиот албум на кавадаречкиот рок бенд „Безопасни“
29-07-2020 КУЛТУРА

Во четврток, на 30 јули 2020, со почеток од 20.30 часот, ќе се оддржи online промоција на материјалот за првиот албум на новата кавадаречка рок атракција, бендот “Безопасни“. Комплетниот авторски материјал ќе биде одсвиран во живо, како најава и за официјалното издание наесен на првиот албум на “Безопасни“, насловен како “Три“ и кој ќе ги содржи токму живите материјали од концертот.

 

“Безопасни“ е составен од искусни кавадаречки музичари кои беа членови, а во некои и сеуште активно свират,  на познати кавадаречки рок групи: меѓу другите и на Журнал, Лексикон, Вуду и др. На гитара е Виктор Кимов, на тапани Мане Мешков, на бас гитара Дејан Митрев, а вокалниот дел е наизменичен на сите членови.  Како што велат самите поголемиот дел од композициите се со своја приказна и стилски различни, а се движат меѓу alternative/funk, post-pUnk, garage/junk и rock@rolla.

 

Инаку, материјалот требаше да биде промовиран во живо пред публика на почетокот на месец март, но концертот се совпадна буквално со денот кога беа забранети сите јавни настапи поради пандемијата на COVID – 19.

 

Како гостин на концертот со краток жив настап ќе се појави Џез дуото “Даме и Ѓорѓи“.

 

Концертот е дел од проект на КСП “Подиум – Јадро“ Кавадарци, како поддршка, афирмација и продукција на независната музичка сцена и е поддржан од Министерството за култура на република Северна Македонија - информираат од Дом на култура „Иван Мазов Климе“ Кавадарци.



Share

Додади коментар