Утре почнува „Топол културен бран“ и во Неготино
23-07-2013 КУЛТУРА

Утревечер, во организација на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ – Неготино, почнува повеќедневната манифестација „Топол културен бран 2013-та“.

Во рамките на овој традиционален проект ќе се прикажат четири македонски филмови од режисерот Столе Попов и последната театарска претстава на Аматерскиот драмски театар при Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, „Сомнително лице“.

Филмовите кои ќе се прикажат се „Црвениот коњ“, „Џипси меџик“, „Среќна нова ’49“ и „Тетовирање“.

Неготинци ќе имаат можност да гледаат кино од утревечер до сабота, секој ден, а претставата „Сомнително лице“  ќе се одигра во вторник, на 30-ти јули.

Сите настани кои ќе бидат дел од „Топол културен бран“, годинава,  ќе почнуваат од 20:30 часот.

Инаку, традиционално влезот на кино претставите и театарската претстава е слободен.

Елена Данова



Share

Додади коментар